МВР набави нова мотоциклистичка опрема за полициските службеници

Facebook
Twitter
Email
Print

Триесет комплети нова мотоциклистичка опрема, за прв пат два вида на опрема зимска и летна, добија припадниците на Одделението за претходница и сообраќајно ескортно обезбедување во МВР.

Според ресорното министерство, станува збор за обнова по цели дванаесет години, а опремата се состои од чизми, заштитни чевли, кациги, виндјакни, подјакни, пантолони, појаси, ракавици, рефлектирачки елеци, маици, чија што вкупна вредност изнесува 3.988.230 денари , односно по 132.931 денари за еден комплет.

„Практично со ваквиот континуитет и динамика во опремувањето на полицијата во изминативе четири години, Министерството за внатрешни работи од сопствени средства, од буџетот наменет за потребите на министерството, не само што го обновивме сето она што деценија и повеќе беше запоставено и недостасуваше за нормално работење на полицијата, туку уште повеќе – дел по дел, плански, генерално се подобри нивото и стандардите на материјално-техничката и инфраструктурна опременост на министерството во многу сегменти од неговото работење“, се наведува во соопштението од МВР.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи