Нова кампања на ССМ- работниците да пријавуваат ако им се прекршени правата

 

​Работниците ќе можат телефонски или електронски, преку меил, да пријавуваат или да поднесуваат жалби и барања доколку им се прекршени правата.

Ова е целта на новата кампања на ССМ која предвидува поедноставен пристап до бесплатната правна заштита за работниците.

Кампањата е под мотото „Правна заштита – сигурност на работничките права”.

„Преку воведување посебна новоотворена телефонска линија 070 818 878 и преку посебна меил адреса, prijavi@ssm.org.mk, работниците можат да ги доставуваат своите пријави, жалби и барања, по што колегите во најкраток рок ќе постапуваат“, информира ССМ.

Според ССМ, активностите за заштита на работничките права ги преземаат овластените правни застапници и синдикалните претставници во 10 регионални синдикални претставништва (Скопје, Битола, Велес, Делчево, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип) како и во синдикалните канцеларии (во Ресен, Свети Николе, Берово, Виница, Кочани, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Дебар, Струга, Македонски Брод, Гостивар, Кичево, Струмица, Пробиштип, Радовиш).

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи