Петре Стојкоски е избран за нов претседател на Асоцијацијата на земјоделци. Тој доаѓа на местото на Ефтим Шаклев а за неговиот избор на годишното собрание кое се одржа во село Таринци О. Карбинци тој вели дека Асоцијацијата мора да продолжи понатаму со започнатите активностите. Ги истакна приоритетите на кои Асоцијацијата ќе работи во следниот период, но ги најави и новините. Како што рече ќе се залага за здружување на земјоделските здруженија во државата со цел да бидат поорганизирани и единствени во барањата за да се слушнат и надминат проблемите со кои се соочуваат земјоделците. Стојкоски порача дека ќе бараат од надлежните правилно да се вреднува и цени трудот на земјоделците.
За се она што нема да биде реално проценето ќе рагираме – вели Стојкоски. Дециден е дека доколу министерството сака реален партнер во земјоделците треба пореално да ги гледаат работите. Револтирани се од состојбите во тутунопроизводството, а тоа како што рече е нивното барање за средба со министерот за земјоделство.Тој ги отфрли обвинувањата дека вината за вишок на произведен тутун е кај производителите.
Имаме околу 1.300.000 до 1.500.000 (милион и триста до милион и петстотини ) килограми вишок на тутун кој не е откупен. Она што треба да го знаат Министерството и откупувачите е дека вината не е кај производителите – вели Стојкоски според кој причината е во тоа што од откупувачите не биле благовремено дадени договорите за да може производителот да знае дали треба да засади 100 или 150.000 корења. Таа ситуација додава не беше навреме презентирана. Ако треба да се презентира сега е моментот за планирано производство кое ние треба да го имаме за оваа година како тутунопроизводители.
Тој вели дека за десет дена треба да знаат од откупивачите на колку договори ќе им направат за да можат навреме да се планираат дали ќе се преорентират кон други култури за да може да барат дополнителни субвенции, бидејќи како што напомена за производителите кои цел живот биле тутунари тешко ќе биде да започнат со производство на нови култури.
Ке предложиме Министертвото за земјоделство да ни даваат дополнителни субвенции – вели Стојкоски . Напомена дека министерот за земјоделие изјавил дека 21 милиони килограми се доволни за РСМ за да биде тутунот платен а според него имало повеке земјоделци кои сакале да произведуваат тутун. Смета дека за останатите кои не сакат да произведуват тутун, самото министерство треба да предложи кое производство да го работат и со каква субвенција , бидејќи работата за почеток не била сигурна.
Што се однедува до субвенционирањето на тутунот Стојкоски вели дека како и досега треба да се вреднува по килограм поради променливито производство. Доколку се субвенционира по хектар некој ќе бил оштетен, а некој награден. Асоцијацијата и понаму ќе продолжи да ги застапува интересите на земјoделците, секој проблем да биде надминат со договор . Само така ќе може да го унапредиме земјоделтвото, кaжа Стојкоски. Според него младите се надеж и иднинатата на земјоделието и дека без поддршка од државата нема да има млади фармери во земјава.
ИЗВОР : ЗЕЛЕНА БЕРЗА