„Тука живеам, одлучувам, постојам”- кампања за пописот 2021

Facebook
Twitter
Email
Print

„Тука живеам, одлучувам, постојам“ е слоганот со кој почнува кампањата за пописот во државава, што го спроведува Државниот завод за статистика, а ќе ги опфати сите заедници во државата. Кампањата е креирана и спроведена од Агенцијата за остварување на правата на заедниците во земјава, со финансиска поддршка од Европска Унија.

Директорот на Агенцијата, Еран Куртиш посочува дека сите етнички заедници се важни и придонесуваат за социо-економскиот, културниот, правниот како и политичкиот раст на Македонија. Затоа, како што појаснува, важно е на пописот да покажеме дека ние тука живееме, одлучуваме, постоиме.

Според Агенцијата најважно е на овој попис малубројните заедници да покажат дека можеме сите заедно да ги креираме политиките во државава.

„Затоа е многу важно да се почитува Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Македонија со кој се уредува остварувањето, унапредувањето и заштитата на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 проценти, а се загарантирани со Уставот, како и надзорот над спроведувањето на одредбите на овој закон и законите со кои се утврдени тие права“, додава Куртиш.

Во кампањата како претставник на турската заедница е вклучена студентката Елиф Илијаз, од влашката заедница новинарката и уредничка Јана Михаилова, од ромската заедница студентката Џемилиана Абдулова, од бошњачката заедница правничката Мерсиха Смаиловиќ, од српската заедница преведувачот Стефан Радуловиќ, како и Мирољуб Орландиќ кој е претседател на Мрежа за мултикултурно општество.

„Македонија е мултикултурна држава. Во неа живеат многу различни етнички заедници, кои зборуваат на многу различни јазици и за нив пописот е важен. На овој попис секој треба слободно да си ја искаже својата етничка припадност. Тука живеам, одлучувам, постојам“, истакна Орландиќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи