Две лица беа убиени синоќа во престрелка која се случи синоќа во околу 03:00 часот на ул. „Македонско-Косовска бригада“ во скопската населба „Топанско Поле“.
Двајцата убиени А.Б и Б.В. биле на возраст од 24 и 28 години. Пукањето било пријавено од лица кои случајно се затекнале на местото и слушнале пукање. На местото се пронајдени чаури од пиштол и автоматска пушка. Итната медицинска помош констатирала само дека двете лица не давале знаци на живот.
Убиените се превезувале со патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки.
Причините за убиството остануваат непознати, увидот на терен се уште трае, од полицијата се преземаат мерки за расчистување на случајот.