Доделени годишните новинарски награди на ЗНМ – Чомовски со награда за животно дело

Facebook
Twitter
Email
Print

 

По повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија, денеска беа доделени годишните новинарски награди на ЗНМ.

Наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело е доделена на новинарот Александар Чомовски долгогодишен, реномиран новинар. Тој со својата професионална работа во изминатите пет децении се вбројува како дел од врвните новинарски и уреднички имиња во македонските медиуми, со промоција на демократските вредности и негување и почит на новинарските стандарди, го одбележа медиумскиот простор на свој оригинален творечки начин.

„Имам една клучна порака, малку сме, македонското новинарство е пред предизвиците да се рестартира. Ние објективно ќе мора да извршиме, како веројатно и целиот свет, во оваа професија да ги редефинираме нејзините принципи. Мислам дека одмина времето на таканареченото објективно новинарство, доаѓа предизвикот за субјективните погледи кон политичките и општествените процеси. Секој соопштува анализи, поставува свои фејсбук постови кои понекогаш се вистински, целосни коментари, понекогаш извор на вести, извор на скандалите. Мислам дека македонското новинарство ќе задоцни ако не доживее редефинирање на своите приоритети и на кадровските ресурси кои се подготвуваат“, рече Чомовски.

Наградата  „Јашар Еребара“ за годишно истражувачко новинарство ја поделија новинарите Христина Ѓорѓиевска за сторијата Заробените бели дробови на градот“ објавена на дигиталната платформа „Види Вака“ и Јасмина Јакимова, Бојан Шашевски, Емилија Петреска како и Даниел Евросимоски за сторијата во две продолженија „По трагите на Лиса и Филипче, балканските рисови кои обединија три држави” и „Недопирливите убијци на балканскиот рис”,  објавена на радио „Радио Моф“.

Новинарот од Куманово Решат Ибраими од „News TV“ со својата видео сторија „Жалосна судбина на невестата од Албанија“ и колешката Александра Максимовска од МИА, дописник исто така од Куманово со својата тема “Правно невидливите лица од Куманово“ ја поделија годишната награда за известување на теми од локално и регионално значење за 2020 година.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи