Заев: Имам информација дека во недела преку ДХЛ ќе стигнат 3000 вакцини Спутник, ама како да кажам, ако не стигнат?

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Денес, на новинарско прашање, премиерот Зоран Заев кажа дека не сака да каже кога ќе стигнат вакцините од Спутник, бидејќи секогаш постои можност истите да не стигнат, но веројатно во недела преку ДХЛ ги очекуваат вакцините да стасаат.

„Ние секој ден очекуваме конкретна информација кога ќе стигнат вакцините. Јас сега имам информација кога ќе стигнат првите 3.000, ама како да кажам, ако не стигнат? Во недела ги очекуваме преку ДХЛ да дојдат“, вели Заев.

Понатаму, Заев објаснува дека и вакцините преку Ковакс системот се очекуваат до крајот на месец март и истакна дека март ќе биде месецот кога ќе почне масовната вакцинација.

„Знаете дека вчера објавија и здравство и јас искоментирав јавна изјава  дека 21.000 од Фајзер се потврдени до крајот на месецов, договорот е конечно да стигнат после сите прашања коишто нивните правни служби ги поставија. Фала Богу стигна и од Ковакс информацијата дека ќе испочитуваат до крајот на првиот квартал, тоа значи до крајот на месец март ќе стигнат првите количини веројатно и тие се некаде меѓу 20-30 илјади вакцини. Во март месец ќе почне масовната вакцинација“, рече Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи