Истечените пасоши на дијаспората ќе важат до крајот на 2021

Facebook
Twitter
Email
Print

Со цел да им се излезе во пресрет на нашите државјани во странство, чии патни исправи истекуваат оваа година или веќе се истечени, ќе се направат законски измени со кои важноста би се продолжила до крајот на 2021 година.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека со тоа ќе се реши проблемот со отежнатото издавање на патни исправи поради ситуацијата со ковид пандемијата во светот.

„Мобилните тимови од МНР за издавање на пасоши за нашите иселеници, работат насекаде во Европа. Тие ги сликаат нашинците во странство за да им издадат нови пасоши, со што досега се издадени над 7000 патни документи. Но, за во Кина и Австралија има потешкотии. Ако мобилните тимови отидат во Кина да ги сликаат 12-те наши државјани, ќе треба да бидат 30 дена во карантин“, истакна Османи.

Според Османи светот е во кризна ситуација и ние мораме да се адаптираме на кризните услови, а наједноставен начин за тоа во конкретниот случај е со законски измени.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи