Наставниците наместо на летен одмор ќе одат на обука за новиот концепт на образование

Facebook
Twitter
Email
Print

 

Учениците од прво и четврто одделение во новата учебна година ќе почнат да учат според новата програма, согласно новиот концепт за реформи во Основото образование кој помина на владина седница.

Според измените, предметот историја се спојува со општествените науки, а изучувањето на албанскиот јазик ќе биде изборен предмет од шесто одделение. Концептот предвидува и поголема застапеност на слободни ученички активности и вон-наставни активности. Ќе се изучува и сексуално образование во основните училишта, но како изборен предмет во деветто одделение.

Откако ќе се сработат наставните програми, ќе почнат обуките за одделенските наставници. Според БРО – Бирото за развој на образованието, советници и универзитетски професори ќе обучуваат околу 3 илјади наставници во Македонија.

Обуките ќе бидат во летниот период  (јуни – септември) и ќе бидат наменети за наставниците од прво и четврто одделение, а обуки за наставниците од шесто одделение ќе има од следната година.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи