Општина Неготино и општинскиот Кризен штаб со допис до Главниот координативен штаб на Македонија за воведување на полициски час за спречување на ширењето на корона вирусот.
Заклучоците се дека состојбата со корона вирусот е алармантна, и бројот на активни случаи до денес е 279. Последниот биланс за овој град се 30 новозаразени.
Посебен акцент се става и на потребата од засилена и редовна дезинфекција и заштита на работниците кои се превезуваат со автобусите за работа во „Дрекслмајер“, Кавадарци.
Локалните власти апeлираат до сите граѓани на општина Неготино доследно да ги почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.