Полицијата вечерва со голема полициска акција за растурање на меѓународен канал за трговија со дрога. Се работи за марихуана која со камион требало да биде пренесена во Грција. Камионот бил следен и запрен на граничниот премин Богородица. Според првичните проценки се работи за количина од околу половина тон, односно 700 килограми марихуана.
Претходно во голема полициска акција беше пресечен друг меѓународен канал за транспорт на дрога. Две лица се приведени. Марихуната требало да биде пренесена од Македонија во Грција. Таа била спакувана во неколку вреќи кои полицијата ги пронашла на самата гранична линија во атарот на селото Селемли.
Од МВР ја потврдија акцијата, но дополнителни информации не соопштија. Детали најавија во текот на утрешниот ден. Според неофицијалните информации акцијата се уште трае, а претреси се вршат на повеќе локации во гевгелиско.
За случајот веќе била информирана и грчката полиција која започнала интензивно да го пребарува теренот со цел да утврди дали има инволвирано и други лица. Бидејќи се работи за обемна акција во нејзината реализација биле вклучени одделот за криминалистичка полиција, сектор за недозволена трговија со дроги оружје и опасни материи во координација со агенција за национална безбедност заедно со регионалниот центар Југ и СВР Струмица.