Акционен план за заштита од поплави за општина Могила

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Во тек е подготовка на Акционен план за заштита од поплави за општина Могила преку проектот „Превенција од поплави за заштита на животната средина“ финансиран од Европска Унија програма за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија.

Средбите се одржуваатсо претставници на локалната самоуправа Општина Могила, комуналното претпријатие „Пела-Хигиена“ и претставници од Дирекција за заштита и спасување. Главната цел на оваа активност е да се подготви Акционен план за заштита од поплави, во соработка со сите релевантни чинители од општината.

На средбата се дискутираше за проблемите со поплавите во општина Могила, за превенцијата од поплави и за соработката помеѓу општината и сите релевантни страни.

Преку групна работа беа идентификувани главните проблеми, предизвици и приоритети на општината за заштита од поплави. Со експертска поддршка, во моментов се подготвува Акционен план за заштита од поплави, кој ќе биди испратен до Дирекција за заштита и спасување, до Министерство за животна средина и по одобрувањето, ќе биде точка на дневен ред на Советот на општината. Со тоа, овој Акционен план за заштита од поплави ќе стане официјален општински документ и ќе се користи за понатамошно справување со оваа тешка природна непогода.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи