Твитерџии чувајте ги твитовите – првиот твит се продава за 2,5 милиони долари

 

 

„Јust setting up my twttr“ (Превод: Само си го поставувам мојот Твитер профил) гласи првиот твит објавен на популарната социјална мрежа Твитер, кој беше понуден како дигитален сувенир на страницата „Valuables by Cent“.

 

Основачот на Твитер, Џек Дорси, одлучи да го продаде првиот твит објавен на Твитер, создаден во март 2006 година.

За само неколку минути откако Дорси објави на Твитер дека објавата се продава понудите достигнаа дури до 100.000 американски долари. Досега, максималната понуда е 2,5 милиони долари.

На страницата „Valuables by Cent“ се вели дека „има само една уникатно потпишана верзија на твитот, и ако авторот се согласи, може да биде негова засекогаш“.

Купувањето твит не значи дека ќе се пренесе на профилот на клиентот. Сè уште останува на оригиналниот профил на Твитер, но клиентот добива потпишан дигитален сертификат со метаподатоците на оригиналниот твит.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи