Воведување полициски час од 22 до 5 часот предлага Комисијата за заразни болести, соопшти Министерството за здравство. На денешната седница на Кризниот штаб, министерот за здравство Венко Филипче предложил повторно да се воведе полициски час поради зголемениот број на нови позитивни на ковид-19.
„Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање. Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект“, соопшти Министерството.
Предлогот на Комисијата ќе биде разгледуван на утрешната владина седница.