Информација за состојбата со коронавирусот во општина Прилеп за периодот од 01 до 07 март 2021 година, како и вкупни бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата:
Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 01 до 07 февруари 2021 година, во општина Прилеп имало 312 нови случаи на Ковид-19;
Од последици на коронавирусот починале 3 лица;
Бројот на активни случаи изнесува 690;
Во домашна изолација и самоизолација заклучно со вчера се наоѓаат 648 лица;
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 5.743, а од вирусот починале 267 лица.