Драмска секција „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп

 

Драмската секција „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ на СОУ„Ѓорче Петров“, под менторство на професорката по македонски јазик и литература, Билјана Тинтоска, постои и успешно работи од 1999г. Нашата визија е да го поттикнеме негувањето на љубовта кон „штиците што живот значат“. На љубителите на сценската игра, од срце им подаруваме многу љубов, внимание, многу смеа и се трудиме барем за малку да им го развеселиме животот и да им измамиме насмевки на лицата.

АЦЕС 2013 Ѓаково

Во емисијата „Ѕвон“ 2012 година

АЦЕС 2013 Ѓаково Снимање на драматаОд своето постоење па до денес, секцијата бележи многу успеси и постигнувања и на локално и на државно ниво, а учествува и во многу хуманитарни активности, што се резултат на пожртвуваноста и ентузијазмот на нејзините членови. Посебно ни се драги двете први и третата награда на конкурсите за најдобра драмска претстава во организација на Европското друштво на Република Македонија (ЕДРМ), кои за нас се и огромно искуствено доживување и познанство со реномирани театарски работници, како членови на жирито. По тој повод бевме поканети да учествуваме на познатата ТВ емисија „Ѕвон“ на МТВ.

Дом за стари и изнемоштени лица 2013. Традиционално
Дом за стари и изнемоштени лица 2013г.

Не помалку ни се драги и учествата на Драмската секција на многу хуманитарни активности и акции, традиционално во Домот за стари и изнемоштени лица, како и настапите на повеќе хуманитарни манифестации во организација на ПХВ – Црвен крст и други здруженија. Полните сали се само израз на поттикнувањето на хуманоста кај нашите сограѓани, како наши големи фанови.

Драмска вечер 2017г.
Драмска вечер 2018г. Тим

Посебно искуство за секцијата претставува и учеството на меѓународни проекти што ги поддржува нашето училиште. А особено задоволство за нас е учеството во меѓународниот проект АЦЕС, со текст на нашиот реномиран член и активен координатот Филип Стојаноски. Оваа претстава беше снимана во професонално студио во Ѓаково Република Хрватска, каде гостувавме. Бевме и учесници во емисија на тамошното Младинско радио.

Драмска вечер 2018г.
Од снимањето на филмот за Ѓорче Петров
Од снимањето на филмот за Ѓорче Петров

На нашиот патрон, Ѓорче Петров, му се оддолживме со филм, сниман во 2013г., насловен како „Убиството на Ѓорче“, по сценарио на Филип Стојаноски и компјутерска обработка и монтажа на Борјан Јованоски. Филмот често го прикажуваме на Свечената академија по повод патрониот празник.

Работата на нашата секција го привлече вниманието на организаторите на проектот „Музеите во училиштата, училиштата во музеите“, поради што добивме покана за соработка и три години успешно работевме заедно. Снимивме две македонски народни приказни – едната во Спомен куќата на Блаже Конески во с. Небрегово, а другата на Варош и реализиравме и други активности за проектот. Задоволството беше обострано.

 

Снимаме приказни во Спомен куќата на Блаже Конески
Снимање приказни на Варош за Проектот „Музеите во училиштата“
Трета награда на конкурсот на ЕДРМ 2014г.
Хуманитарен настап за ПХВ Црвен крст
Хуманитарен настап пред преполна сала со „Луда куќа“

Најдраг настан, наше дело е Драмската вечер што традиционално до 2019г. ја одржувавме веќе по четврт пат. Нејзиното одржување е со хуманитарни цели, да им помогнеме на наши ученици и сограѓани. Иницијативата е на Драмската секција на нашето училиште, а во соработка со:Училишната младинска организација и телото Ученик – правобранител,  Коалицијата на младински организации СЕГА и Младинскиот совет Прилеп, управата на Домот на Културата „Марко Цепенков“ која ни отстапи простор во големата сала и Народниот театар. Голема чест ни причинува реализацијата на овој настан, којшто, веруваме дека ќе ги анимира младите да се вратат повторно кон вистинските вредности, да умеат да ја ценат уметноста и духовното богатство. Најефективниот влог во образованието е вложувањето во напредокот на младите. Токму тоа се обидуваме овде да го промовираме. Истовремено, со задоволство ќе се дружиме и ќе ги разменуваме меѓуучилишните искуства. А нашето училиште секогаш несебично ги поддржува и следи реализациите на сите ангажмани.

Подготовка пред настап
Прва награда ЕДРМ 2016г.
Прва награда на ЕДРМ 2016г.

И… „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“  нема да биде тоа што е, без нашиот Филип Стојаноски, активен учесник од почетокот на неговото образование во нашето училиште од 2011г, па досега  и по завршувањето на средното образование, како душа на секцијата и нејзин координатор и автор на сценаријата.

Секцијата има и своја „Управа“ – претседателката Теона Крстеска и заменикот Леонид Момироски, како први меѓу еднаквите. Имаме и Кодекс на однесување и работа, што е почитуван од сите членови.

Нашиот ентузијазам не дозволуваме да биде запрен од вообичаените искушенија, како што е и оваа пандемија. Затоа, со љубов, на верната публика ѝ ја подаривме онлајн претставата „Корона тајмс“. Симпатичната комедија го привлече вниманието на пошироката македонска публика, па менторката учествуваше како гостин на Утринската програма на Македонското радио.

Инаку, поголемиот дел од нашите претстави и филмот се снимени и поставени на ФБ – профилот на училиштето и на официјалната веб страна на СОУ„Ѓорче Петров“.

И што да кажам за крај? Ќе се изразам со фразата на големиот Ѓорѓе Балашевиќ.

„Неки нови клинци“ исто така успешни и пожртвувани, со исто таква голема љубов, доаѓаат на местото на претходните, а „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ станува парадигма на простор во кој се обединуваат генерациите.

Прва награда на конкурсот за ЕДРМ 2012г.
Пред снимање приказни за проектот „Музеите во училиштата“
Радост за Првата награда 2016г.
Снимаме приказни – Спомен куќа на Блаже Конески

Текстот го подготви проф. Билјана Тинтоска – ментор на секцијата.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи