„Лебедово езеро“ на минус 15 за спас на лебедите

Руската балерина од светски познатиот театар „Марински“ настапи на отворено, изведувајќи сцена од „Лебедово езеро“ на Чајковски на мраз и на температура од -15 степени Целзиусови.

Според Би-Би-Си, руската балерина која играла во замрзнатиот дел од Финскиот Залив е Илмира Баграутинова.

Нејзиниот настап всушност бил начин за да се искаже спротивставување на изградбата на пристаништето во заливот Батареинаја, популарна плажа која се наоѓа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург.

Како што истакнува, се надева дека со ова видео ќе може да ги спаси лебедите, нивните гнезда и живеалишта кои се во опасност поради најавите за градба.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи