Двајца пратеници од владејачкото мнозинство се позитивни на корона вирусот, а уште 1 е со симптоми, па тие денес отсуствуваа од седницата, со што пропадна договорот меѓу пратениците денеска да гласаат серија на закони.
Ова го соопшти собранискиот спикер Талат Џафери, по што продолжува само расправата за предвидените точки од закажаните 7 седници за денеска.
Спикерот Џафери пред извесно време го повлече од дневен ред својот предлог за измени на Деловникот, со цел да се овозможи пратеници кои се позитивни или се во изолација поради ковид-19 да може да се вклучат онлајн во работата на парламентот.
Истовремено албанската опозиција со амандмани најави блокада на низа предлог закони, во знак на незадоволство од илјадниците амандмани од ВМРО ДПМНЕ и Левица за Законот за државјанство.
Според СДСМ, за излез од оваа ситуација треба пратеничките групи да најдат заедничко решение за да може собранието да продолжи со работа.
Од ВМРО ДПМНЕ и денеска повторија дека работата на опозицијата не е да прави кворум на власта, а проблемот во неодржување на пленарните седници е во самата владина коалиција.