Со оглед на актуелната епидемиолошка состојба и најавата за дополнителни рестриктивни мерки и полициски час, како тоа ќе влијае на спроведувањето на пописот, министерот за здравство, Венко Филипче кажува дека пописот безбедно ќе може да се спроведе.
„Засега остануваме на овие рестрикции кои ги предложивме и остануваме будно да ја следиме ситуацијата. Во однос на пописот, и оние протоколи кои Комисијата за заразни болести ги одобри по предлогот на ДЗС, значи дека истиот ќе може безбедно да се спроведе, но ќе останеме да ја следиме состојбата. Доколку увидиме дека има потреба, не е исклучена можноста да предложиме и други мерки“, вели Филипче.