Бугарија како превентивна мерка ја прекинува вакцинацијата со Астра Зенека – жена починала после примање на вакцина

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Вакцинацијата со вакцината Астра Зенека во Бугарија е привремено прекината поради смрт на жена на возраст од 57 години, објави во Пловдив министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

„Прекинувањето на вакцинацијата е превентивна мерка за да се осигураме, и по заклучокот на лекарите од судска медицина ќе се донесе конечна одлука за тоа како да се продолжи со вакцинацијата со Астра Зенека“, додава министерот Ангелов.

Ангелов појаснува дека жената имала проблем со обезност и имала претходни болести на срцето. Но, кај неа не се појавила тромб каков што беше случајот со смртните случаи во Австрија. Исто така тој додава дека само тројца на 1.000 вакцинирани пријавиле нуспојави од вакцините.

Освен Бугарија, вакцинацијата со Астра Зенека ја прекинаа и Данска, Исланд и Норвешка. Италија ја забрани имунизацијата со пратката вакцини која појави тромб кај некои вакцинирани здравствени работници. Станува збор за пратка од 1 милион дози која е испратена во 17 држави во Европа.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи