ВИДЕО – Јованоски: Полицискиот час да почнува од 19 часот, ситуацијата е крајно загрижувачка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Во изминатиот месец, Прилеп е втор град во државата со најголем број на новозаразени, хоспитализирани и за жал починати лица од Ковид-19. Ситуацијата со болеста во општината, е аларманта и крајно загрижувачка. Прилеп е еден од првите градови во државата во кој е потврдено присуството на британскиот сој на коронавирусот, којшто е полесно пренослив и многу позаразен во споредба со претходниот сој на Ковид-19. Токму тоа е и една од причините за големиот број на новозаразени во нашата општина. Истакна на денешната прес конференција Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Британскиот сој на вирусот стана доминантен во Прилеп, а во последно време меѓу заболените има се’ повеќе помлади лица. Како дополнителни причини, заради кои заразата во Прилеп добива драматични размери, се и куќните дружби на граѓаните во поголем број, кои тешко се контролираат и се кријат од јавноста. Со таквото крајно неодговорно однесување, одредени поединци го загрозуваат не само личното здравје и здравјето на своите најблиски, туку и јавното здравје.

Дополнително, олабавувањето на мерките и уште повеќе, комотното однесување на поголем дел на граѓаните кога е во прашање почитувањето на мерките за заштита, и тоа на сите нивоа, на работните места во многу јавни институциии и приватни компании, допринесе за влошувањето на ситуацијата во Прилеп.

Пазарањето во маркетите и продавниците, гужвите на граѓани пред банките, посетитете на кафулињата каде има голем број на граѓани и недоволно почитување на протоколите за заштита од Ковид-19, е исто така причина за зголемениот број на заразени со Ковид-19.

Она што би саакал да го нагласам, е дека епидемипозите посочуваат дека од најразлични причини, голем број на граѓани ги кријат контактите и не го кажуваат критичниот настан каде лично се заразиле со Ковид-19. Со тоа, свесно допринесуваат за зголемување на бројот на новозразени.

За жал, има случаи каде граѓани со потврден позитивен ПСР тест се шетааат низ градот, влегуваат во аптеки, продавници, маркети итн. Тоа е чин на највисока неодговорност и заслужува секаква осуда од целата јавност.

Посебно сакам да ја нагласам состојбата во Општата болница „Борка Талески“, каде во ммоентот се хопитализирани 89 лица, од кои 77 се со кислородна поддршка. Дополнително, во дневната болница се лекуваат 92 пациенти.

Само во последните 24 часа, за преглед на Инфективното одделение се јавиле 105 пациенти. За жал во последните 24 се починати 5 пациенти.

Заради сето ова, ситуацијата во градот е повеќе од аларманта и ќе повторам, крајно сериозна.

Од тие причини, Општинскиот кризен штаб побарува од Главниот кризен штаб, од Владата на Република Северна Македонија и Комисијата за заразни болети, заострување на мерките кои ќе се однесуваат на целата територија на општина Прилеп.

Полицискиот час, којшто сега започнува во 22.00 часот и трае до 05.00 часот, да започнува во 19 часот и да трае до 05.00 наутро. Ваквата мерка, да трае во наредните две до три недели, затоа што во тој период очекуваме овој тн. трет бран на пандемијата да го достигне својот пик.

Свесни сме дека со оваа мерка, уште повеќе ќе се наруши комодитетот на граѓаните. Но, од превентивни причини, подобро е на сите нас во овој период од две до три недели, да ни бидат скратени дружбите и забавите, отколку да го зголемиме ризикот и можноста да бидат заразени повозрасните, ризичните и групите на граѓани кои имаат пропратни болести.

Дополнително, Општинскиот кризен штаб, донесе заклучок со кој го редуцираме јавниот превоз. Почнувајќи од утре, автобусите на Јавниот превоз ќе собраќаат до 18.00 часот и во помал број.

Исто така, почнувајќи од утре, на влезовите на пазарот ќе бидат поставени Ковид штандови, со што на секој граѓанин кој влегува во пазарот ќе му бидат дезинфицирани рацете и доколку не носи заштита маска нема да му биде дозволен влез. Со асистенција на волонтери и полицијата, ќе бидат засилени контролите за да се спречат групирања во пазарот.

Полицијата и Пазарната инспекција ќе продолжат со засилени контролите во угостителските објекти, со цел да се обезбеди почитување на мерките и протоколите за работа во услови на пандемија со Ковид-19.

Ве повикувам да покажеме висока свест и лична одговорност во битката со пандемијата. Полицијата и инспекцијата не можат да го исконтролираат однесувањето на секој поединец во нашата општина. А, резултатот и епилогот на оваа борба со коронавирусот, зависи од однесувањето на секој од нас, поединечно.

Да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид-19, со тоа да им помогнеме на здравствените работници и да си помогнеме себеси.

Сметаме дека оној период од 19 до 22 часот е можеби клучен кога имаме најголем број дружења, собиранки, посети. А ако се земе во предвид дека дружењето на граѓаните е право пропорционално со бројот на заболени, сигурно дека овој број на заболени ќе се намали. Не можеме драстично да го скратиме бројот на пациенти, но можеме да го намалиме за да му дадеме можност здравствениот систем во нашиот град да се справи со тоа. Здравствените работници се навистина изморени, една година работат во пандемија, истрошен е персоналот, а голем дел од нив и се разболеа од Ковид 19“, истакна Јованоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи