Денес почнува откупот на вишокот тутун

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Вкупно 14 пунктови за откуп на вишокот тутун треба да бидат отворени денеска. 10 од пунктовите се  на Тутунскиот комбинат Прилеп, 3 на „Секе“ и 1 на „Кавекс Балкан“ во Неготино, а утре се очекува да профункционираат и вагите на „Сокотаб“ и „Алијанса“.

„Откупот на вишокот треба да почне денеска. Ако сите фирми отворат, тутунот може да се преземе целосно. Но, за 3 дена не може со отворени 10 ваги. Доколку се презема на 20 пункта со дневна динамика од по 100 тони, би требало да се откупи до 31ви март како што е предвидено со законските измени“, вели претседателот  на Сојузот на тутунските здруженија Менде Стомнароски.

Министерот Хоџа завчера изјави дека со добар систем и организација, за 3 дена може да се откупи вишокот тутун.

„Дневната динамика на откупот е околу 400 до 500 тони и поради тоа верувам дека за три дена може да се откупи вишокот. Работата е само да се воспостави добар систем. Убеден сум дека проблемот ќе го решиме и очекувам тоа да биде на најбезболен начин, со учество на сите откупувачи“, рече Хоџа.

Откупот на договорените количини заврши со просечна цена од 165 денари.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи