Во обид да се избори во мракот на епидемијата на корона вирусот, канадски пост реши да донесе малку радост со тоа што од сега натаму поштенските камиони кои ја обиколуваат земјата се во весели бои.
„Во 28 градови на Канада 37 шарени возила секојдневно ќе ги пренесуваат писмата, пакетите, со цел барем за момент да се измами насмевка кај граѓаните кои ќе излезат да ја преземат поштата“, пренесуваат канадските медиуми.
Секој е украсен со големо сонце и слика на камион во боите на канадската пошта (сина, бела, црвена) како вози во виножито, со натпис „благодарам“ со големи букви.
Дизајнерот Ендру Луис за францускиот печат изјавил дека ќе биде забавно, изјавувајќи дека луѓето „полуделе од изолација“ поради епидемијата на коронавирус.