Министерството за образование и Фондот за иновации и технолошки развоја (ФИТР) денеска објавија нов повик „Предизвик за млади истражувачи#4– зелени проекти” за ученици од целата држава.
„Целта е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод. „Буџетот кој го обезбедивме за овој Предизвик изнесува три милиони денари. Вкупниот буџетот на поединечен предлог проект треба да изнесува минимум 100.000 односно максимум 200.000 денари. Обезбедивме и дополнителна награда од 30.000 денари за наставникот (наставниците) кои се лидери на проектот. Средствата се наменети за набавка на дигитална опрема применлива во наставниот процес“, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров.
„Учениците и младите истражувачи и научници се во фокусот на нашите заложби и тоа јасно се гледа во сите политиките на владата и на МОН, но и во обезбедувањето на повеќе финансиски средства и бројни можности какви што порано не биле достапни“, изјави министерката за образование Мила Царовска.
Предизвикот е наменет за сите основни и средни училишта во државата, со аплицирање на истражувачки проектен тим кој треба да се состои од 1-2 наставници (лидери на проектот) и од 5 до 10 ученици.