7 професори на Универзитетот во Тетово копирале научни трудови и си ги прикажале како свои

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Интелектуалната иницијатива за подобрување на квалитетот во универзитетското образованиe (NIRCAU) претстави истражување во кое ги анализира трудовите на професорите на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Тетово.

Во последното издание на публикацијата „Веритас“ тие откриваат дека научните трудови на најмалку 7 универзитетски професори се плагијат, односно копија на постоечки дела.

Во истражувањто се наведени делови кои не се оригинални од трудовите на професорите:

Неџбедин Беадини,
Шеќибе Беадини,
Албулена Беадини,
Емира Беџети,
Мирлинд Беџети,
Дестан Халиди,
Екрем Исмани.

„Академската нечесност е проблем што го истражувавме неколку месеци. Штетата предизвикана од него е немерлива, бидејќи овој феномен овозможува да се оправда некомпетентноста, која потоа како таква ќе им служи на следните генерации со создавање на ‘нормални’ стандарди“, велат авторите на истражувањето.

Авторите укажуваат на непостапувањето на раководството на Универзитет во Тетово кое продолжува да биде „слепо“ и одбива да прифати дека дел од нивните професори копираат дела.

„Досега до Ректорската управа поднесовме низа претставки за кражба на интелектуални трудови од професори и докторанди на овој факултет, кои незаслужено напредуваат во академската кариера. Оттаму нема никаков повратен одговор“, велат од Иницијативата.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи