Гугл лажел за инкогнито пребарување, приватното не е баш приватно, можна казна од 5 милијарди долари

 

 

Веруваме дека сите барем еднаш сме го искористиле  т.н. „инкогнито“ режим при користење интернет прелистувач Гугл. На пример, ако користите Гугл за инкогнито прелистување на интернет, ќе видите известување дека историјата на прелистување, колачињата, формуларите и податоците за веб-страниците што сте ги посетиле не се зачувани. Сепак, сите овие информации се уште може да бидат видливи за вашиот провајдер.

Многу луѓе не знаеја дека „приватно“ и не е баш целосно приватно, па бидејќи сметаат дека Гугл ги измамил, решија да покренат тужба. Минатата година Гугл побара американски суд да ги отфрли ваквите обвинувања, тврдејќи дека корисниците се согласиле на условите што биле јасно објаснети.

Неодамна се случи нов заплет, кога судијката Луси Кох ја одби жалбата на Гугл, што воедно значи и зелено светло за покренување судска постапка. Доколку пресудата не е поволна за Гугл, на компанијата ѝ се заканува казна од најмалку 5 милијарди долари.

Според тужбата, доколку корисниците биле свесни што всушност претставува „инкогнито режим“, многу од нив не би посетиле некои веб-страници.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи