„Луда куќа“ е драма изведена од Драмската секција „Слободно Театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп по повод патрониот празник на училиштето, октомври 2016 година.
„Луда куќа“ – драма преку која учесниците сакаат да претстават едно малку необично семејство каде секој живее „во свој филм“. Вработен татко, кому му е преку глава од моменталната состојба, се обидува да ја преземе контролата и да стави крај. Но сето баш и не оди по планот. Непланираните „нови членови“ во семејството, неочекуваната посета од родителите, а и самото запознавање со „избраникот“ од својата ќерка, само ја зачинуваат лудоријата која владее во куќата. Многу интриги, смеа, бркотници и музика – во еден ден и во една куќа, која со право се нарекува „Луда куќа“.
Но, се е добро кога добро ќе заврши. Запамтете: Господ да ве чува од лоши луѓе, лоша среќа и мрзи!
Текстот е на Филип Стојаноски, под менторство на професорката Билјана Тинтоска.
Улогите ги толкуваат:
Константин Василески
Филип Стојаноски
Фросина Јованоска
Антониј Колески
Теодора Трајкоска
Валерија Павлеска
Марија Шијакоска
Ангела Јагуриноска
Круме Талески
Хари Тасески
Андреј Ристески