Почна судењето за насилниот протест против пресудата за „Монструм“ – тројца се изјасниле за виновни

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Тројцата од седумте мина обвинети за насилство на протестите поради пресудата во случајот „Монструм“, Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси, на денешното прво рочиште за овој случај, го признаа делото пред Судот, и нивното судење ќе продолжи денеска во издвоена постапка. Двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, и нивното судење ќе продолжи на 31 март.

Судијата Марин Станевски наведе дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба, а постапката за Суља Башким исто така ќе биде издвоена бидејќи не е достапен за органите за прогон.

Скопското Обвинителство, кое го застапува случајот, ги товари обвинетите за кривичното дело „Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик”. Според одредбите од овој член обвинетите може да се казнат од шест месеци до пет години казна затвор.

Според Обвинителството, „обвинетите на 26 февруари, како учесници на јавниот собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата во предметот „Монструм“, биле дел од толпата која со заедничко дејствување сторила насилства кон полициски службеници и други присутни лица. Обвинетите и други засега непознати лица започнале заеднички да дејствуваат кон полициските службеници, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети, во обид да го пробијат полицискиот кордон. Како резултат на ова, со тешки телесни повреди се здобил новинар присутен на местото на настанот, а повредени биле и 11 полициски службеници“.

За учество во толпа се обвинети 7 лица – Бехар Далипи, Артан Садики, Фабио Идризи, Бесарт Калиши, Шабан Весели, Бетим Касами, Башким Сула.

Во салата се присутни и полицајци повредени на протестите. Но, сè уште нема информации за тоа кои полицајци фрлале камења кон демонстрантите и дали е поведена дисциплинска постапка против нив.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи