Социјално претприемништво во заедниците

Социјалното претприемништво е посебна форма на претприемништво во која се интегрираат економски и социјални цели. Tоа претставува иновативен модел за решавање на социјалните и еколошките предизвици и зазајакнување на инклузивниот раст.

Социјалното претприемништво се дефинира и како континуирано спроведување на eкономски активности под одредени услови на работење и вработување на воглавно марганализирани групи на лица. Примарна цел на социјалното претприемништво е зајакнувањето на социјалната кохезија и солидарноста како и зајакнувањето на капацитетот за иновации во различни економски сектори и општествено корисни подрачја. Целта е да се генерира општествена вредност при што заедницата ќе има корист од претприемачките активности. Социјалното претпријатие е нов модел на бизнис сосоцијална цел кој се уште не е (доволно) третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет.

Карактеристики на социјалните претпријатија:

  • Користејќи претприемачки принципи, тие се стремат да ѝ служат на заедницата, а не на максимизирање на профитот за сопствениците;
  • Остварениот профит во најголем дел се реинвестира за постигнување на социјалните цели, т.е. за конкретна општествена промена;
  • Нудат иновативни приоди за одржлив и рамномерен развој;
  • Најчесто делуваат во две насоки:
    • Обезбедуваат добра и услуги за маргинализираните и неразвиените заедници;
    • Вработуваат лица од ранливи групи граѓани.
  • Тие се пазарно-ориентирани бизниси, односно финансиската одржливост ја обезбедуваат преку успешно работење според пазарните механизми (а не претежно грантови).

ЛАГ АГРО ЛИДЕР како организација од Македонија стана полноправна членка на Европската мрежа за социјално претприемништво, иницирана од Институтот за социјално претприемништво од Ротердам, Холандија.

Во партнерство со организации од Холандија, Франција, Португалија, Италија, Хрватска, Бугарија, Германија, Полска, Србија, ЦрнаГора и Шпанија, Мрежата ќе работи на теми за размена на знаење и искуство помеѓу различни европски земји во областа на граѓанско учество, самоорганизација и социјално претприемништво и Развој и поддршка на теренски експерименти со демократски правни структури за социјални иницијативи и социјални претпријатија.

Претпријатието во заедницата е во согласност со намерата на Европската комисија и социјалното барање за развој на посебен европски статус за социјални претприемачи.

Европската мрежата за социјално претприемништво има 4 важни столбови:

Споделена сопственост

Еквивалентна соработка помеѓу различни засегнати страни.

Социјално претприемништво

Социјалната мисија оди за максимизација на профитот.

Репрезентативност

Генерално собрание на партнери е одраз на заедницата (засегнати страни).

Доброу правување

Внатрешна контрадикција, демократско донесување одлуки, контрола и совет се загарантирани во статутот.

Мрежата ќе се фокусира на развој на нови врски помеѓу општеството, пазарот и владата.

Ова ќе биде направено преку теренски истражувања и знаења, во полето на граѓанско учество, јавно приватно партнерство и социјално претприемништво во Холандија и сите вклучени земји, меѓу кои и руралните средини во Македонија.

Автор : ЛАГ

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи