ВИДЕО – Талевски: Обезбедуваме целосен откуп на вишокот произведен тутун

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

 

Владата предводена СДСМ, покажува и докажува дека интересите на тутунопроизводителите се врвен интерес на државата, дури и во услови на здравствена и економска криза. Се обврзавме и си стоиме на дадениот збор пред тутунарите, дека ќе им го решиме најгорливиот проблем, а тоа е целосен откуп на вишокот произведен тутун. Истакна на денешната прес конференција Миле Талевски, пратеник на СДСМ од Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во таа насока, на последната седница Владата донесе заклучок, со кој му укажува на Тутунскиот комбинат Прилеп да откупи дополнителни 700 тони тутун од вишокот од годишната реколта.

Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво, ќе иницира итна постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп, а средствата ќе бидат обезбедни преку Ковид програмата.

Дополнително, околу 600 тони од годинешниот вишок на произведен тутун ќе бидат преземени од другите откупни компании во државата.

Дека водиме максимална грижа за маката на секој тутунопроизводител, кажува и фактот дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево, за откуп на предвидените 455 тони, од причини што  оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на тутунот

И додека СДСМ обезбедува конкретна помош за земјоделците, ВМРО-ДПМНЕ ги блокира процесите во Собранието и е против петтиот пакет антикризни мерки, со што е против исплатата на 6 милиони евра за тутунарите.

Мицкоски и ДПМНЕ прават се’ за помошта да не заврши во рацете на тутунарите. Наспроти тоа, СДСМ останува на страната на производителите на тутун. Продолжуваме посветено да работиме за интересите на земјоделците и да ги ублажуваме економските последици кои ги наметна пандемијата“, рече Талевски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи