Временска прогноза: Мартовски денови во зимски услови

Facebook
Twitter
Email
Print

 

 

Времето денес ќе биде облачно и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието.

Потоа утре и во среда времето ќе се задржи променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено на некои места ќе има услови за послаби врнежи претежно од снег. Од четврток ќе имаме постабилно и посончево време. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8  до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени, кон крајот на оваа недела истите ќе бележат тенденција на постепен пораст.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи