АМСМ известува за укинување на забраната за тешки товарни возила на неколку планински премини, но предупредува на влажни коловози и одвивање на сообраќајот во зимски услови.
УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Плетвар, Ѓавато, Буковo, Стража, Пресека и патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан. се укинати.
ЗAБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на планинските премини.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.