4 починати во Прилеп и нови 42 случаи на Ковид 19

 

Во последните 24 часа се направени 3.728 тестирања, а регистрирани се 1056 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 590, Битола – 57, Прилеп – 42, Велес – 36, Кавадарци – 35, Куманово – 34, Охрид – 30, Тетово – 28, Струмица – 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Струга и Кичево – по 16, Штип, Кочани, Гевгелија и Берово – по 13, Делчево – 9, Свети Николе – 8, Радовиш и Пробиштип – по 7, Кратово – 6, Крива Паланка и Ресен – по 5, Валандово и Демир Капија – по 4, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1.

Регистрирани се 727 оздравени пациенти од: Скопје – 457, Прилеп – 58, Куманово – 27, Гевгелија – 26, Гостивар – 22, Тетово и Струмица – по 21, Велес – 17, Штип – 13, Битола и Кочани – по 12, Крива Паланка – 8, Кичево, Ресен и Богданци – по 5, Валандово – 4, Пробиштип – 3, Радовиш, Крушево и Пехчево – по 2, Свети Николе, Неготино, Делчево, Виница и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година и тоа: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид.

Сите пријавени се починати во болнички услови и со коморбидитети.

Направени се 3.728 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-103, ЦЈЗ Битола-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-13, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-0, Жан Митрев (Филип Втори)-189, Авицена-267, Биотек-461, Систина-311, лабораторија Лаор–195, Синлаб-159, Ремедика-34, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1452.

Досега во земјата се направени вкупно 595.686 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи