Министерот за правда Бојан Маричиќ денес во Брисел ги потенцираше реформите во судството со фокус на проектот за дигитализацијата на судовите, процес на кој Министерството за правда интензивно работи, а ќе резултира со над 100 дигитализирани судници, што ќе претставува огромен технолошко-информатички скок и модернизација.
Тоа, според Маричиќ, ќе придонесе за побрзи и поефикасни судски постапки, а правдата ќе може непречено да биде испорачана и при услови на пандемија, а со тоа ќе се заштити и здравјето на сите вклучени со процесите.
Дополнително, министерот информираше и за процесот на филтрација во правосудството кој го спроведува Судскиот совет и што според него овој процес претставува за Министерството за правда, а тоа е враќањето на довербата на граѓаните во правната држава. На состаноците беа претставени и деталните планови за борба против корупцијата.