МФ: Не се планира зголемување на ДДВ и персоналниот данок

Facebook
Twitter
Email
Print

Од Министерството за финансии се огласија по вчерашната изјава на министерот Фатмир Бесими за зголемување на стапките на ДДВ и пероснален данок, со објаснување дека е лошо интерпретирана.

„Во насока на точно информирање на јавноста истакнуваме дека не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок.

Имено, изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ се однесува на зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплата на ДДВ-то и од персоналниот данок, како трансфери од централен буџет, а не на стапките на ДДВ и персонален данок.

Министерот за финансии гостуваше во емисијата „Економски магазин“ на тема „Фискална децентрализација“, каде ја презентираше реформата за унапредување на фискалната децентрализација.

Во рамки на реформата за унапредување на фискалната децентрализација, за која претходно и министерот за финансии и Министерството за финансии ја информираа јавноста, се предлагаат три столба – подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско и отчетно работење и зголемување на транспарентноста.

Кај првиот столб се предлага зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплатата на персонален данок, како и постепено зголемување на стапката на дотација од наплатениот ДДВ, според перформансот на општините. Имено, планирано е формирање два фонда: Фонд за перформансиза општините коишто покажуваат позитивни резултати и имаат повисока реализација на сопствените приходи и Фонд за изедначувањеза општините коишто имаат пониски приходи, но истите покажале фискален напор и добри резултати во прибирањето на сопствените приходи.

Овие предлози ќе бидат ставени на јавна дискусија со ЗЕЛС и со сите засегнати страни со цел оваа реформа да се носи преку еден транспарентен и инклузивен процес.“, соопштуваат од министерството за финансии.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи