ВИДЕО – Петроски: Акцијата за чистење на Прилеп и околината ќе продолжи уште помасовно на повеќе локации

 

Виктор Петроски од Прилеп е еден млад ентузијаст и вљубеник на природата кој оваа недела ја организираше акцијата за чистење на ридот Маркови Кули, на потегот кај Слонот и неговата околина. Вели дека идејата за оваа еко акција ја добил кога трчал на овој терен и го забележал сето тоа ѓубре кое е расфрлано нииз целиот овој терен од страна на несовесни граѓани.

 

 

Тоа ме мотивира да појдам дома, да креирам настан, да пробам да мотивирам дел од народот да се организираме за наредната недела, тогаш беше Денот на пролетта, да направиме едно чистење, што најверојатно да се надеваме дека ќе ги разбуди прилепчани повеќе да ја одржуваат оваа околина, првично Маркови кули, но и Селце, Волково и околината на Прилеп. Дефинитивно треба чистење, се надеваме дека тоа ќе биде повеќе поддржано и од Комуналец, можеби Општината, значи ни треба едно заедночко иницирање. Ни треба едно собирање, но тоа да биде повеќекратно. Настанот се одзви многу добро, значи се јавија многу луѓе, се пријавија, но за жал се откажа поради временските услови, врнеше снег. Моравме дел пред настанот да го откажеме, но многу луѓе се јавија, пишаа и по една недела, тоа беше вчера, се собравме околу 40 души околу слончето, сето тоа се исчисти, се собраа огромни купови на ѓубре. Одзивот беше совршен, иако многу, вкучувајќи и мои блиски луѓе, едноставно се откажаа и не можеа да дојдат, сепак нештото премина во една прекрасна акција која сакаме да се повтори следно за Селце, а после тоа  и Волково, а здравје боже после тоа ќе продолжиме. Се пријавија доста луѓе, сакам сега да изградиме една група на фејсбук за да има едно поефективно ширење на зборот, ова да премине во една убава акција. Имаше и прекрасни дружења вчера, нови луѓе се пронајдуваат од градот, истомисленици, поврзување на нови контакти, нема ништо поубаво од тоа, заеднички да ја исчистиме нашата околина“, вели Петроски.

Петроски ги повика институциите да бидат поажурни околу чистењето на ваквите простори во и околу градот, но исто така упати и апел до граѓаните да ја чуваат природата и да бидат посовесни за тоа каде го фрлаат ѓубрето.

Каде се институциите, во едни вакви региони каде треба да се одржува почисто. Еден апел, најдобронамерен без критика, сите заедно да си ја одржуваме оваа средина почнувајќи од Маркукуле, Селце, Волково и четврта локација е езерото. Ќе се најдат сигурно повеќе локации, откако ќе се исчистат да се одржуваат чисти, тоа е сета поента. Сега за оваа акција пријавија самоицијативно многу голем број на прилепчани. На еден креиран настан кој го приширив на најблиските луѓе, најблиските пријатели, се пријавија сами, едноставно не се познаваме. Групи на луѓе се пријавија за следниот настан, тоа е прекрасно и мислам дека јас лично доколку не го почнев ова ќе се најдеше некој кој ќе го започнеше. Се виде дека има и такви, самосетени луѓе“, додаде Петроски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи