Австралиски и американски научници ги утврдуваат границите на потонатиот континент Зеландија, кајшто денес се наоѓаат земјите Нов Зеланд и Нова Каледонија. Oсвен тие земји, денес сѐ друго е под вода.
Зеландија се одделило од праконтинентот Гондвана пред околу 79 милони години, а сега според научниците, има 4,9 милиони квадратни километри. Од 2017 година , тоа подводно има стаус на континент. Научно, месецов се мапирани околу 37.000 квадратни километри од него.
„Нашата експедицијата собра топографски и магнетни податоци за морското дно, со цел истражување на создавање на врската меѓу Тасманското и Коралското Море и просторот меѓу Австралија и Нов Зеланд“, изјави Дерија Ѓурија – дел од научната екипа.
Според американската Национална управа за мерење на океаните, веќе се мапирани 10 отсто од континентот преку сонарни методи.