Во среда ќе започне имунизацијата со вакцината АстраЗенека, а граѓаните ќе бидат известени од страна на матичните лекари, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче.,
„20-илјади граѓани преку своите матични лекари денеска во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време од среда натаму да се јават на вакцинација.“, истакна Филипче.
Од утре ќе почне да се подготвува Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе има 30 позиции за вакцинирање против ковид-19.
Филипче кажа дека во април се очекуваат вакцини од повеќе места, т. е. втората доза од „АстраЗенека“, односно 76 илјади дози преку Ковакс-механизмот, како и вакцините од Кина. Во однос на вакцините од „Фајзер“ кои се нарачани со директни преговори, Филипче рече дека конечно „Фајзер“ го потпишала договорот и дека оваа недела треба целосно да се потпише договорот.