Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање околу написот кој излезе во албански весник за наводно приоритетно вакцинирање на неколку министри од МАкедонија, истакна дека досега не е вакциниран ниту еден министер од Владата.
„Ниту еден министер не е вакциниран и тоа одговорно го кажувам и тврдам. Жал ми е што овие лажни вести потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај сите предизвици што секојдневно ги имаме во борбата да се зајакне здравствениот систем и да им се излезе во пресрет со барањата на пациентите, жалам што се бориме и со лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Не најдоа ни сила, ни храброст, ни доблест некако да помогнат“, вели Филипче.