Две родилки починаа во болница во последното деноноќие како последица на ковид-19, дознава порталот Плусинфо.
Двете биле второротки и биле во мошне тешка состојба. Едната имала 33, другата 32 години. Бебето на едната родилка е испуштено дома во добра општа состојба, а другото бебе е во критична состојба.
Повеќе информации се очекуваат од здравствените институции во текот на денот.
До вчера, дури 3.749 лица од земјава починаа од последици на корона вирус. Помеѓу починатите, секој ден има и помлади, луѓе во своите триесетти и четириесетти години, но беа регистрирани дури и неколку случаи кога починаа пациенти во своите дваесетти години.