Преостанатите 40-тина вработени во државната компанија Еурокомпозит се оставени буквално на милост и немилост од страна на својт газда, а тоа е токму државата. За 14 месеци имаат земено само 14.500 денари. Никој, ама буквално ама никој не ги прашал како живеат цела година без денар, во екот на една страшна пандемијата и во екот на една од најголемите светски економски кризи. Не им се исплатени ниту здравственото ниту пензиското осигирување. Се лечат на приватно. Државата како нивни газда ги крши нивните основни права. Ниту ги отпушта од работа, ниту пак им го дава тоа што законски им следува. Ова да го правеше некоја приватна компанија можеби ќе одговараше и кривично, но кога станува збор за државата тогаш по се изгледа законот не важи. Државата исто така не ги исплати неисплатените придонеси од 2012 година до 2019 година, иако за тоа беше донесен и закон во октомври 2019 година кој излезе и во службен весник.
Повеќе за голготата на „Еурокомпозит“ погледнете од интервјуто со Роберт Богданоски и Пеце Вељаноски.