ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(25) од с.Големо Радобил, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 12.11.2020, при извршен претрес на дом и други простории кај пријавениот во с.Големо Радобил, полициски службеници службеници пронашле и одзеле ловечка пушка ,,Црвена застава“ со калибар 16мм, сопственост на дедото на Ф.Ц. и еден ловен карабин „Војнотехнички завод – Крагуевац“ со калибар 7,9мм.