Левица: Советниците на СДСМ и ДПМНЕ заеднички изгласаа мали хидроцентрали

Facebook
Twitter
Email
Print

Како и со сите останати нерегуларности во Македонија, одговорноста поради понатамошната дозвола и работење на штетните мини-хидроцентрали, треба да се бараат во Владата и Собранието, реагираат од опозициската партија Левица.

„Најнов пример за ова е црпењето на река Дошница, која опфаќа прекрасни и недопрени природни предели во општините Кавадарци и Демир Капија, каде не една туку две хидроцентрали (Баров Дол и Папрад) ќе ги црпат водите на оваа река, која и без тоа има доста низок водостој.

Кога станува збор за зголемувањето на богатствата на приватните газди, господата од власта и опозицијата прилично сложно ги изгласуваат сите за нив лукративни одлуки, а тоа може да се види во 26. и 27. предлог – заклучоци во Записникот од одржаната 52. седница на Општина Кавадарци. Во ова злодело против природата, но и така плитките џебови на обичните граѓани секако не треба да го заборавиме и МЖСПП, кое претставува послушен помагател и извршител на нивните матни зделки.

Да потсетиме, со градењето на мини хидроцентралите не се постигнува никаква финансиска (освен за сопствениците) или енергетска поволност, а сите ние неповратно губиме ендемски видови, работни места и природни ресурси, додека граѓаните плаќаат зголемени сметки за електрична енергија“, се вели во реакцијата.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи