Седат Бајрами, Бесир Љатифи, Рогачи Исмаил, Иљаз Муареми, Сенад Љатифи и Егзон Зендели се наркобосовите од Грчец, кои се во бегство, а по кои трага МВР.
Петмина од избеганите се од Грчец, а еден од нив е од Гази Баба. По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Во минатонеделната акција „Планина“ беше уапсено 21 лице, за кои обвинителката Вилма Русковска нагласи дека тие се дилери на дрогата, а наркобосовите избегале.