Министерот за здравство Венко Филипче по утринската координација со директорите на ковид центрите, истакна дека здравствениот систем секојдневно се менаџира, но дека состојбата со болниците е многу сериозна.
„Утрово имав редовна координација со директорите на Клиниките на која разговараме за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети, терaпиите… Здравствениот систем секојдневно се менаџира,се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна.
Затоа од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата“, напиша Филипче на „Фејсбук“.