Денеска е 1 Април, денот на шегата. Оваа година, поинаква од другите заради корона вирусот, па можеби многумина се откажаа од радоста на овој ден и потонаа во тишина.
Но, денеска за момент тишината беше прекината, детскиот џагор и смеа беа повторно на улиците низ населбата Карпош во Скопје. Голема група на „101 Далматинец“ излезе на прошетка! Вистинска атракција се дечињата од приватна градинка, кои се маскирани како далматинци и возбудено шетаат и лаат како кутриња, смешкајќи се и ширејќи радост.
Упатуваме благодарност за целиот тим на градинката „Светот на колорес“ кој за момент ни ја врати насмевката на лицето!