Заев: Се пријавив за вакцина, ќе се вакцинирам со било која вакцина кога ќе дојдам на ред

 

Премиерот Зоран Заев денес се заблагодари на Србија за денешната пратка од 20.000 дози вакцини од Спутник и рече дека тоа е спасување на животите на нашите граѓани. Премиерот Заев рече дека се пријавил во електронскиот систем за вакцинирање и дека кога ќе дојде на ред и тој, и неговото семејство ќе се вакцинираат со онаа вакцина која тогаш ќе биде на ред.

„Ова е втората донација од Србија и за нас е акт на огромно пријателство. Два пати ни донираат по 20.000 вакцини од. Србија помогна и со вакцините од Фајзер за да ги вакцинираме нашите херои, а тоа се здравствените работници. Додека стигнат нашите вакцини, да ги искористиме овие 20.000 за процесот на вакцинација на здравствените работници. Тие знаат колку е тоа важно. Голема благодарност до српскиот народ кои споделија со нас огромен број вакцини. Од вкупно 200.000 Спутник вакцини, 40.000 се за нашата земја. Тоа нема да го заборавиме“, вели Заев.

Тој изрази почит и благодарност и ги повика сите граѓани да се вакцинираат.

„Изразуваме почит и благодарност. Моја должност како човек е да апелирам до сите граѓани да влезат во системот за масовна вакцинација. И јас и министрите се пријавивме во електронскиот термин. Вакцината е здрава, сите вакцини се проверени и колку и ќе се вакцинирам со било која вакцина. Таа што ќе дојде на ред, таа ќе ја примам и јас и моето семејство“, рече премиерот Заев.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи