Овие нереални сцени не се производ на Фотошоп, туку навистина може да се видат и доживеете, доколку се отпатува кон Сибир.
Езерото Бурлин во регионот Алтај во близина на границата со Казахстан секое лето претрпува малку психоделична трансформација. Имено, секој август езерото добива розова боја. Како во случајот со некои други примери во светот, ова не е загадување, туку е последица на зголемената концентрација на ракчињата наречени Артемија, кои живеат во високосолена вода.
Сепак, она што го прави ова езеро навистина посебно е возот што сообраќа по него. Таму е со одредена цел, а тоа е жетвата на солта што се прави во ова езеро со векови, наводно од 1768 година. Возот го крева седиментот од дното и го собира во вагоните и го филтрира.