Браќа и сестри во Христа поради ковид кризата ве известуваме дека оваа година хуманитарната акција нема да се одвива само еден ден, како предходните години и ќе трае подолго. Кутиите во кои ќе се собираат парични средства се веќе поставени и ќе останат до Цветници (25-04) во црквите: Св.Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила.
Со вашето присуство, а на наша голема радост, ќе ја збогатите нашата акција за помош на бедните и сиромашни сограѓани во нашиот град.
Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според Вашите можности во посебно означените кутии во храмовите, и намирници во храна која не е брзо расиплива, средства ќе се искористат во добротворни цели. Оваа акција се организира по 13-ти пат годинава, па затоа вашата поддршка ќе биде добредојдена, имајќи надеж дека оваа акција ќе премине во традиција и за наредните години.
Драги браќа и сестри во Христа. Светиот апостол Павле пак ни вели: „Голема печалба е човек да биде благочестив и задоволен со себеси“.Бидејќи ништо не сме донеле на овој свет, јасно е дека и ништо не ќе можеме да однесеме.Скромно и правилно и христијански е да ги помогнеме сиромашните сограѓани за и тие да ја почуствуваат празничната радост и да се зарадуваат во еден од најсветите и најрадосни празници „Воскресението Христово – Велигден“.
Да се трудиме да го привришиме овај пост со добро дело,бидеќи верата без дела ,е мртва вера. Нека Господ Бог го благослови вашето добро дело!
Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“ При храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп.