Девет години од масакрот кај Смилковско езеро


На денешен ден се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското езеро. На кобниот 12 април 2012 година, на Велики четврток беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани. Настрадаа Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45-годишен од селото Црешево.

Убиствата се случиле меѓу 19:30 и 22:30 часот кога биле најдени телата на убиените.

За овој грозоморен чин беше отворен судкиот предмет „Монструм“, во кој на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута, но врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените и им определи мерки на претпазливост.

На 23 февруари годинава, судот повторно ги прогласи за виновни и им одреди доживотни казни затвор на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ, единствена казна затвор од 15 години за обвинетиот Езим и единствена казна затвор од девет години на обвинетиот Хаки Азири. За обвинетиот Сами Љута, се одбива обвинението, поради откажување на јавниот обвинител.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи